Леброн Џејмс е еден од најуспешните олимпијци во историјата кога станува збор за екипните спортови имајќи предвид дека досега освои три златни и еден бронзен медал во кошарка на овие манифестации.
Сепак, суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс тврди дека и на овие години може да се бори за златен медал на олимписки игри во друг спорт, освен кошарка.
„Не постои натпреварување во кое можам да учествувам без да се подготвам, дури ни мојот спорт. Но, мислам дека би можел да бидам добар во скок во височина или скок во далечина ако ми дадете доволно време. Ми требаат шест или можеби осум месеци за добро да се подготвам и сигурно ќе освојам медал“, смета Леброн.
Веројатно никој никогаш нема да дознае дали ова што го зборува тој е остварливо бидејќи и на залезот на четвртата деценија од животот, тој е максимално фокусиран на кошарката и не размислува за крај на кариерата.


