Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс постави нови стандарди во НБА лигата со својот настап против Кливленд.
Лејкерс загубија од најдобриот тим во лигата со 110-122, но Леброн стана првиот кошаркар кој во НБА играл како тинејџер и потоа како 40-годишник. Интересно е тоа што дебитираше токму во дресот на Кливленд кој го избра како прв пик на драфтот во 2003 година кога Леброн имаше само 18 години. Пред два дена тој наполни 40 и се уште е активен во НБА каде веќе држи голем број рекорди.
Леброн е и прв кошаркар кој во четири децении од својот живот играл во НБА, почнувајќи од втората, па сега во петтата. Според неговите зборови од завчера, тој е подготвен уште неколку сезони да биде активен.


