АБА шампионот Партизан синоќа загуби од Барселона во 29. коло од Евролигата, а проблемите за тимот се продолжени и по мечот во Каталонија.
Американскиот интернационалец Зек Ледеј не се вратил во Белград со остатокот од тимот и отпатувал во својата татковина поради приватни причини за што Партизан информираше во текот на ноќта.
„Зек Ледеј доби дозвола да отпатува за Америка по натпреварот со Барселона. На семејството Ледеј и на Зек, Кошаркарскиот клуб Партизан им посакува се најдобро“, пишува во објавата од белградскиот клуб.
Засега не е познато колку време ќе остане Ледеј во САД и дали ќе му биде на располагање на Обрадовиќ за важните евролигашки дуели идната недела.


