И кога е најблиску до триумф, Партизан не успева да ја победи Црвена Звезда и вечерва го претрпе седмиот пораз во низа од својот најголем ривал.
На стартот од финалната серија во српското кошаркарско првенство, Звезда славеше со 99-98 и покрај тоа што Партизан ги имаше сите услови да ја прекине црната серија. Најважното од се, го имаше шутот за победа со истекот на времето, но Зек Ледеј со специфичен шут за него, не успеа да погоди.
Вториот меч од серијата се игра в среда, домаќин ќе биде Партизан и ќе има можност да ја прекине серијата порази. Ако не успее во тоа, Звезда ќе комплетира уште една тројна круна со титула во српското првенство.


