Партизан ја прекина серијата од три порази во Евролигата откако вечерва на домашен терен го победи Анадолу Ефес со 100-90.
Драматичниот натпревар беше решен во последните 5-6 минути. Анадолу Ефед беше на 76-77 кога тргна завршниот спринт на Партизан за конечна победа. „Црно-белите“ прво направија серија од 12-4 за +9, а потоа со уште неколку пократки низи ставија точка на мечот.
Зек Ледеј долго време го предводеше Партизан и го одржуваше во предност за во последната четвртина да експлодира Алекса Аврамовиќ. Во тие десет минути, српскиот плејмејкер постигна 11 од своите 30 поени со кои беше најефикасен играч на мечот.
Победата против Ефес не му донесе прогрес на Партизан на табелата, но го израмни со десеттопласираната Валенсија, во пресрет на последните седум кола. Анадолу Ефес остана на 15. позиција со минимални шанси да стигне до плејинот.


