На денешната прес-конференција, во пресрет на утрешниот меч против Басконија во претпоследното коло од Евролигата, кошаркарот на Реал, Руди Фенандес објави дека се повлекува од терените на крајот од сезоната.
Иако не го спомна зборот „повлекување“, врз основа на неговите зборови можеше да се заклучи дека претстојните два месеца ќе бидат последни во неговата кариера.
„Стар сум и полека почнувам да мислам за други работи, пред се за семејството. Ми останаа уште неколку месеци и се надевам дека ќе придонесам во играта за тимот. Се чувствувам сакан и и ова е крајот, но имам уште неколку месеци да уживам со соиграчите“, изјави Фернандес.
Тој ја завршува кариерата на 39-годишна возраст, а почна во 2002, во Хувентут. Од 2012 е член на Реал со кого освои се што можеше и тоа повеќе пати. Стандарден член е и на шпанската репрезентација со која не успеа да освои титула само на Олимписките игри.


