Уште четири дена остануваат до почетокот на Европското првенство чии домаќини се Кипар, Полска, Финска и Летонија, а ФИБА направи анкета во која учествуваа неколку европски и светски кошаркарски легенди кои прогнозираа кој ќе ја освои титулата и МВП признанието.
Своја прогноза дадоа Дирк Новицки, Владе Дивац, Руди Фернандес, Мајк Џејмс, Горан Драгиќ, Панајотис Јанакис, Мидаугас Кузминска и најдобрата белгиска кошаркарска Еме Месеман. Шестмина од нив за главен фаворит ја прогласија Србија, а петмина сметаат дека Јокиќ ќе биде прогласен за МВП.
Исклучок се Новицки кој веројатно од патриотски причини за главен фаворит ја прогласи Германија, а за МВП – Денис Шредер, додека Јанакис прогнозира дека најзначајното изндивидуално признание ќе замине во рацете на неговиот сонародник Јанис Адетокунбо иако е сигурен дека пехарот оди во Србија.


