Наспроти фановите кои секојдневно му се воодушевуваат на Никола Јокиќ, има и такви кои не го ценат она што тој го прави во НБА.
Меѓу нив и поранешната НБА ѕвезда, Гилберт Аринас кој тврди дека бројките на српскиот ас оваа сезона не е ништо посебно. Јокиќ во моментов е втор стрелец, прв скокач и втор асистент во лигата со трипл дабл просек, но Аринас тврди дека тоа е така затоа што игра во многу слаб тим.
„Џордан во сезоната 1986/87 имаше историска сезона со просек од 37 поени по натпревар, па не беше ни блиску до МВП признанието. Истото се случи и со Коби Брајант. Секој во лош тим може да има добра статистика, но последните 30-тина години не ја наградувавме индивидуалната игра. Тоа сега го гледаме секоја година, секогаш има некој играч во лош тим кој бележи луда статистика, а тоа се празни бројки“, смета Аринас.
Јокиќ го освои МВП признанието во три од последните четири сезони во НБА лигата, а и сега е најголем фаворит за наградата. Од друга страна, Денвер во моментов се наоѓа на седмото место на табелата во Западната конференција и грчевито се бори да се најде на позициите кои водат во плејофот.


