Вторпат за помалку од половина година, репрезентацијата на Летонија славеше против актуелниот европски првак Шпанија, сега како гостин.
Првиот триумф на Летонците на Мундобаскетот што се одржа во август и септември минатата година, а сега во квалификациите за Европското првенство. Мечот во Сарагоса заврши со триумф на Летонија од 79-75 со што оваа селекција покажа дека резултатите на планетарниот шампионат не биле случајни.

Во шпанската репрезентација се врати Рики Рубио кој не играше на Мундијалот. Летонците водеа безмалку цел натпревар, на периоди и со 11 поени разлика, но токму Рубио со неколку кошеви и погодени слободни фрлања ѝ овозможи на Шпанија да се доближи на само -3. Сепак, на крајот, новиот кошаркар на Барселона излезе трагичар бидејќи на +2 за Летонија промаши две слободни фрлања.

Ломаш со 18 поени беше прв играч во летонската репрезентација за која Гражулис постигна 13. Интересно е тоа што за Летонците овој натпревар немаше резултатско значење затоа што како ко-домаќини, веќе имаат загарантиран настап на Европското првенство. Брисуела ги предводеше Шпанците со 13 поени. Дел од овој натпревар беше и најдобриот македонски судија Игор Митровски.


