Откако управата на Партизан денеска ја одби оставката на Жељко Обрадовиќ, навивачите на белградскиот клуб паднаа во транс и со нетрпение очекуваат трофејниот тренер да се врати од Атина.
Тој во моментов патува кон српската престолнина, а за каква еуфорија се работи кај фановите на Партизан, најдобро зборува тоа што „летот на Обрадовиќ“ е најследен од сите во светот на специјализираниот сајт за следење на авионски летови. Дури 8.000 лица го означиле како приоритетен, а дополнителна тензија прави тоа што доцни околу еден час.

Според првичниот редослед на летање, Обрадовиќ требаше да слета во 17:10 часот, но ќе пристигне по 18. На аеродромот се собрани неколку стотини навивачи на Партизан кои едвај чекаат да пристигне тренерот.


