Деветкратниот НБА Ол стар, Дејмијан Лилард има нов тим откако минатиот месец доби отказ од Милвоки Бакс.
Неговиот двегодишен престој во Милвоки не беше успешен, Бакс не освоија шампионска титула, па дури не стигнаа ни до големото финале, а капак на се беше повредата поради која ќе ја пропушти цела претстојна сезона. Како резултат на тоа, Лилард ноќеска постигна тригодишен договор со Портланд Трејл Блејзерс за вкупна сума од 42 милиони долари.
Тоа ќе биде негово враќање во франшизата од Орегон која во 2012 година го избра како шести пик на драфтот и во неа помина 11 сезони. Во Портланд тој ќе се обиде да доврши неки работи и да постави рекорди за кои му треба многу малку. На пример, недостасуваат 98 натпревари за да стане играч со најмногу одиграни натпревари во историјата на Блејзерс, околу 1.500 минути за да го помине Дрекслер во оваа статистичка категорија и 168 додавања за да стане најдобар асистент. Од претходниот престој во Портланд, тој е веќе најдобар стрелец на Портланд со 19.376 поени, па сега ќе може да ја надмине границата од 20.000.


