Новиот селектор на литванската репрезентација Римас Куртинаитис го објави првиот список на кошаркари откако беше поставен на функцијата.
Литванија ќе игра против Македонија на 21 и 24 ноември во квалификациите за Европското првенство во 2025 година, а со оглед на тоа што најголемите ѕвезди имаат обврски во Евролигата (и НБА), европскиот шампион од 2003 година ќе биде значително ослабен. Од Евролигата има само еден играч и тоа Лукас Лекавичиус од Жалгирис, додека другите клубови, каде што има Литванци, не ги пуштија своите кошаркари.
Најголем број од играчите – петмина се од шампионот Ритас, а интересно е тоа што на списокот е и Миндугас Кузминскас кој играше против Македонија на Европското првенство во 2011 година. Тогаш имаше неполни 22, а сега веќе е искусен играч со 35 години и е член на грчкиот АЕК.
Подготовките на литванската репрезентација почнуваат на 19 ноември во Вилнус, а два дена подоцна е првиот меч против Македонија во Скопје. Реваншот е на 24 ноември во Клаипеда.
СПИСОК НА КОШАРКАРИ
Лукас Лекавичиус Жалгирис
Криступас Жемаитис Вулвс
Лауринас Белиаускас Јувентус
Освалдас Олисевичиус Тревизо
Еимантас Бенџиус Сасари
Мартинас Еходас Маниса
Миндаугас Кузминскас АЕК
Маргирис Норматас Ритас
Мартинас Палиукенас Ритас
Гитис Раџевичиус Ритас
Гитис Масиулис Ритас
Чуолас Тубелис Ритас


