Откако доживеа пораз во Ел Класико, Серхио Љуљ беше критичен кон распоредот на натпревари во шпанското првенство.
Реал во петокот вечер се сретна со Дубаи на домашен терен, е денеска напладне ја пречека Барселона. Завчера успеа да направи голем пресврт и да слави, но тоа не му успеа денеска.
„Немав ни 48 часа одмор бидејќи игравме во петок во 21 часот, а денеска напладне. Не знам дали лицето што го прави распоредот мисли дека е нормално, но мене не ми изгледа дека е така“, рече капитенот на Реал.
Мадридскиот тим загуби од Барселона откако победи на претходните девет дуели со Барселона. Љуљ не сакаше тесниот распоред да звучи како изговор, но сепак побара ревизија на термините на натпреварите. Поразот, сепак, немаше големи последици за Реал бидејќи и покрај него, тимот останува на првото место на табелата.


