Шпанскиот репрезентативец Лоренцо Браун ќе го напушти Макаби на крајот од оваа сезона, по две години поминати во најтрофејниот израелски клуб.
Причините поради кои си оди се приватни, а веќе почнаа шпекулациите за тоа каде ќе ја продолжи кариерата. Шпанските медиуми тврдат дека следна станица ќе му биде Реал со што првпат во животот ќе игра во земјата чие државјанство има од 2022 година.
Оваа сезона Браун има ефект од 13,2 поена, 6,1 асистенција и 2,8 скока во Евролигата, но не успеа да го однесе Макаби на завршниот турнир од елитното натпреварување.


