Лос Анџелес Клипер рутински го совлада Денвер со 117-83 во третиот меч од плејоф серијата, но мечот го одбележаа провокациите упатени кон најдобриот гостински играч Никола Јокиќ.
Оние кои седат зад кошевите и кои имаат задача да ги вознемируваат противничките кошаркари, беа опремени со реквизити, односно капи во вид на коњски глави кои требаше да ги ставаат додека Јокиќ шутира слободни фрлања. Јасно е дека целата акција беше целосно осмислена од Клиперс бидејќи „коњските глави“ беа наместени наа седиштата пред навивачите да дојдат.
The horse distractions worked on Jokic 😭 pic.twitter.com/86jWAKN5U8
— BricksCenter (@BricksCenter) April 25, 2025
Акцијата делумно успеа затоа што Јокиќ на целиот меч шутна само четири слободни фрлања, погоди три од нив, а сепак оставри трипл дабл со 23 поени, 13 скока и 13 асистенции.


