Машката јуниорска репрезентација на Македонија со убедлив пораз го почна настапот на Европското првенство Б-дивизија што денеска стартуваше во Ереван.
Во првото коло, нашите млади кошаркари загубија од Холандија со 58-78 и покрај тоа што до последната четвртина беа во игра за триумф. Одлучи лошиот последниот период кој Холанѓаните го добија со 28-10 за победа која не е реален одраз на она што се случуваше на теренот.
Во македонската репрезентација на ниво беа само двајца кошаркари, Коста Ќириловски и Марко Луканоски кои постигнаа безмалку половина од поените на нашиот тим. Ќириловски реализира 14 со пет асистенции и четири скока, а Луканоски додаде 13 поени и 7 скока. Стефан Стојковиќ беше на чекор од дабл дабл, постигнувајќи 9 поени и 10 скока, но со релативно лош шуѕт (2/13 од игра и 5/10 од линијата за слободни фрлања) и дури пет изгубени топки.
Втората шанса за победа, Македонија ќе ја има утре кога ќе се сретне со селекцијата на Австрија.


