Македонскиот репрезентативец Итан Хап нема долго да го памти своето деби како член на Валенсија кога станува збор за официјалните натпревари.
Во првото коло од Еврокупот, Валенсија како формален гостин (мечот се одигра во Самоков) го победи Хапоел Ерусалим со 80-64, но Хап не покажа ни дел од она што го красеше како играч на Гран Канарија, но и на двата меча во дресот на македонската репрезентација. Иако беше дел од стартната петорка, тој на теренот помина само нешто повеќе од осум минути и за тој период немаше никаков ефект (0 поени, 0 скокови, 0 асистенции) и заврши со индекс од -9.
Хап ќе има можност да го поправи впечатокот в сабота кога официјално почнува новата сезона во АЦБ лигата. Во првото коло Валенсија гостува кај Манреса.


