Изминува втората недела откако Никола Јокиќ доживеа повреда на дуелот против Мајами, а прогнозите за негово враќање се се полоши.
Во последните неколку дена се појавија разни информации, од разни инсајдери, со различни временски периоди. Сега, се огласи и Марк Штајн, еден од најдоверливите американски новинари кога станува збор за НБА. Познатиот Американец наведува дека почетокот на февруари е најраното можно враќање на теренот за трикратниот најкорисен играч на НБА.
„Почетокот на февруари се чини сè повеќе како најран реален датум за враќање на Никола Јокиќ и Кам Џонсон во Денвер Нагетс, бидејќи двајцата се надвор од игра поради неодамнешни повреди на коленото“, вели Штајн.
Колку и да сака Јокиќ да се врати што е можно поскоро, колку и да го сакаат тоа Денвер Нагетс и љубителите на кошарката воопшто, барем уште три недели ќе биде надвор од терените. Претходните прогнози беа дека ќе заигра во последната недела од јануари, но тоа по се изгледа нема да се случи.
Во последните седум натпревари без Јокиќ, Нагетс победија на четири и загубија на три, а сега имаат биланс 25/13. Враќањето на Србинот во февруари дефинитивно ќе го избрише од трката за МВП признанието, а ќе ја изгуби шансата да влезе во Ол-НБА тимот на НБА поради правилото за минимум 65 натпревари. Тоа би било жално, бидејќи српскиот центар досега има историска сезона, со трипл данл просек од 29,6 поени, 12,2 скока и 11 асистенции по натпревар.


