Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ официјално ќе го пропушти и третиот натпреваро од полуфиналето на Западната конференција, против Оклахома кој се игра вечерва.
Лејкерс во моментов заостануваат со 0-2 во серијата, а следниот натпревар ќе биде нивниот прв на домашен терен. Тоа ќе биде деветтиот плејоф меч што Дончиќ го пропушта оваа сезона, откако на 2 април претрпе повреда на тетивата од втор степен.
„Правам сè што можам. Очигледно, во моментов сум во фаза на закрепнување и работа. Лекарите првично рекоа осум недели, па затоа одам ден по ден и се чувствувам подобро“, рече словенечкиот ас
Иако Дончиќ продолжи да трча, тој сè уште не добил дозвола за активности со кошарка со целосен контакт. Спортскиот лекар Џеси Морс процени дека станува збор за сериозна повреда на тетивата од втор степен или делумно кинење на мускулот и дека Дончиќ би можел да отсуствува уште една до две недели. Доколку таа временска рамка се покаже како точна, многу е веројатно дека тој ќе го пропушти остатокот од серијата против Оклахома, без разлика на нејзниот исход.


