Кошаркарот на Виртус, Лука Вилдоза и неговата сопруга Милица Тасиќ се уапсени, објавија италијанските медиуми
Причина за тоа е инцидент кој, според весникот „Il resto del Carlino“, се случил откако Вилдоса наводно блокирал амбулантно возило со својот автомобил, а потоа нападнал болничарка. Тој и неговата сопруга набрзо биле приведени од карабињерите. Според извештајот, сè започнало кога амбулантното возило, на пат кон местото на инцидентот, накратко застанало во близина на салата „ПалаДоца“ за да ја потврди точната адреса на интервенцијата. Во тој момент, автомобилот на Вилдоса пристигнал на местото на настанот. Наводно вознемирен што возилото му го блокирало преминот, тој почнал да сигнализира со светлата, потоа и да ја навредува екипата во амбулантното возило.
Ситуацијата ескалирала кога играчот подоцна повторно наишол на истото возило, овој пат со вклучени ротирачки светла и сирена. Според сведоците, Вилдоза намерно запрел пред него, спречувајќи го да помине. Кога медицинските лица го прашале зошто го прави тоа, Вилдоса наводно почнал да им вика и го извршил нападот.
Неговата сопруга Милица, која е одбојкарка и српска репрезентативка, се вклучила во расправијата, но и ја повлекла 54-годишната болничарка за коса и се обидела да ја турне. Инцидентот го забележала блиската полициска патрола, а претставници на клубот Виртус, како и дополнителни полицајци, набрзо пристигнале на местото на настанот.
Брачната двојка е уапсена и однесена во полициската станица, каде што, по истрагата, била задржани под обвинение за напад врз медицински персонал.


