Како и секогаш кога гостува на Црвена Звезда, поранешниот играч на Партизан, Владимир Лучиќ беше жестоко навредуван од домашните навивачи кои повторно не покажаа ни грам респект кон репрезентативецот на својата земја.
Синоќа не издржа и влезе во вербален дуел со нив, откако повторно беше цел на напади од противничката страна. Од неговите усни можеа да се прочитаат жестоки пцовки и навреди упатени кон навивачите на Звезда откако очигледно се прелила чашата на неговото трпение.
На крајот однесе и слатка одмазда за се низ што помина бидејќи Баерн ја победи Звезда со 85-80 и ги расипа шансите за директен пласман во плејофот од Евролигата.


