Резултатите на Денвер Нагетс не го следат ефектот на Никола Јокиќ и најдобар пример за тоа се настапите на српскиот ас последната недела.
Од 3 декември до синоќа, Јокиќ и Денвер одиграа четири натпревари, победија само на два, а ефектот на Србинот е најблаго кажано неверојатен. На нив постигна вкупно 184 поени, 56 скока и 28 асистенции, ефект каков нема ниеден друг кошаркар во НБА. Тоа е просек од 46 поени, 14 скока и 7 асистенции по натпревар.

И покрај тоа, Денвер се наоѓа на седмото место во Западната конференција што е најдобар доказ за разликата во квалитет меѓу Јокиќ и неговите соиграчи.


