Екипата на Денвер Нагетс израмни на 2-2 во серијата со Лос Анџелес Клиперс, но до вториот триумф стигна на неверојатен начин.
AARON GORDON DUNK AT THE BUZZER FOR THE NUGGETS WIN!!! 🚨🚨
ONE OF THE CRAZIER ENDINGS YOU'LL SEE 🤯😱#TissotBuzzerBeater#YourTimeDefinesYourGreatness pic.twitter.com/BVdHdAEP1Q
— NBA (@NBA) April 27, 2025
Во Калифорнија триумфираше со 101-99, водеше со 22 разлика на стартот од последниот период (87-65), а сепак кошот за победа го постигна со звукот на сирената. Никола Јокиќ ја имаше топката, премногу ја заглави акцијата, па мораше да шутираше од свртување за тројка, беше апсолутно непрецизен, но тука се најде Ерон Гордон да забие и сето тоа наликуваше на воигран цепелин.
Арбитрите неколку минути ја прегледуваа снимката, заседаваа, се договараа за на крајот да пресудат во корист на Денвер кој повторно ја има предноста на домашен терен во серијата со Клиперс. Интересно е тоа што три од четирите натпревари на овие две екипи завршија со еден посед разлика.

Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ одигра уште еден маестрален меч, постигна 36 поени, 21 скок и 8 асистенции и тој беше единствена причина што Денвер дојде до голема победа. Кавај Ленард ги предводеше домаќините со 24 поени и 9 скока, Пауел додаде 22 поена, вклучувајќи неколку важни кошеви во финишот, а Зубац и Харден имаа дабл дабл. Серијата се враќа во Денвер каде Нагетс ќе се обидат да го искористат домашниот терен и повторно да поведат.
РЕЗУЛТАТИ
Голден Стејт – Хјустон 104-93 (2-1)
ЛА Клиперс – Денвер 99-101 (2-2)
Мемфис – Оклахома 115-117 (0-4)
Мајами – Кливленд 87-124 (0-3)


