Како и обично, грчкото дерби носи многу работи што не се строго поврзани со кошаркарските потези, па така беше и денеска, во првото полувреме од дуелот чиј домаќин е Панатинаикос.
Олимпијакос го започна дуелот брилијантно и направи голема предност против својот најголем ривал во првите 20 минути, но кога се чинеше дека сè ќе помине без инциденти, во клинч влегоа Тајлер Дорси и Кендрик Нан, а потоа интервенираше Матијас Лесор. Сè се случи во последната минута од полувремето. Дорси направи прекршок во напад и одеднаш влезе во вербална расправија со Нан.
😳 Η στιγμή της σύρραξης στο Παναθηναϊκός AKTOR – Ολυμπιακός, με τη φανέλα του Ντόρσεϊ να… σκίζεται! pic.twitter.com/7HduM1WPR0
— SPORT24 (@sport24) March 30, 2026
Џеди Осман беше првиот што го зграпчи Дорси за да го раздели, но потоа интервенираше Лесор, кој го направи тоа поагресивно. Дресот на бекот на Олимпијакос беше искинат, а кога сè се смири, се чекаа одлуките на судиите. Епилогот на крајот беше исклучувања за Нан и Дорси, додека центарот на ПАО доби неспортски прекршок. Олимпијакос го доби првото полувреме со 60-44.


