Новак Ѓоковиќ лани со своето семејство се пресели во Атина, но деновиве престојува во Белград и не ја пропушти можноста во живо да го проследи натпреварот меѓу Црвена Звезда и Жалгирис, на отворањето на новата сезона во Евролигата.
Не е никаква тајна дека тој е голем навивач на Звезда, па така и се однесуваше во текот на натпреварот. Особено во финишот кога се водеше жестока битка за победата, Ѓоковиќ беше во транс при секој кош на неговиот омилен тим.
Звезда, сепак, загуби од литванскиот шампион и тоа не е добра најава за сезоната во која белградската екипа влезе со големи амбиции.


