Кошаркарите на Њујорк Никс направија чудо ноќеска и сега водат со 3-1 во финалната серија од НБА лигата.
Херој на оваа победа беше Огугуа Ануноби, кој постигна кош во последните моменти по промашувањето на Џејлен Брансон за 107-106, колку шти и заврши овој меч. Ануноби одигра одлична одбрана во претходниот напад на Спарс кога успеа да го изблокира Диерон Фокс и да спречи гостите да отидат на три поени предност.
Сан Антонио Спарс имаа водство од 29 разлика (81-52) во третата четвртина, но дозволија Никс да го направат најголемиот камбек во историјата на финалните натпревари во НБА. Никој никогаш не се вратил од таков дефицит во серијата за титулата како што направија Никс во четвртиот натпревар.
Виктор Вембанјама повторно играше улога на негативец и постојано ги провоцираше противничките кошаркари. Во првото полувреме им коментираше на играчите и навивачите на тимот на Њујорк дека им влегол во главите и дека тие се единствените што се прашуваат.
И потоа… Следуваше третата четвртина, во која Никс се доближија на „само“ 15 разлика, а потоа во последниот период постигнаа 32 поена, дозволувајќи им на гостите само 16. Спарс имаа вкупно 31 поен во цело второ полувреме, а Вембанјама толку многу влезе во главата на противникот што шутираше 3/14 од поле и 1/4 од линијата за слободни фрлања. Најефикасен беше Брансон со 36 поени, а победничкиот кош не беше единствен на Ануноби затоа што тој броеше до 33. Вебанјама со 24 поени и 13 скока го предводеше тимот на Сан Антонио.
Петтиот натпревар се игра на теренот на Спарс, а петкратниот шампион на НБА повеќе нема право на грешка до крајот на финалето.


