Њујорк Никс се пласираше во финалето на НБА за првпат од 1999 година, а навивачите беа воодушевени што може да се заклучи по продажбата на билети која веќе е во пораст, достигнувајќи рекордни суми.
Никс го победија Кливленд Кавалирс во четвртиот натпревар и станаа шампиони на Источната конференција. Без разлика на исходот во финалето на Западот, јасно е дека Њујорк нема да ја има предноста на домашниот терен и ќе го пречека својот ривал во третиот, четвртиот и евентуално шестиот натпревар. Според TickPick, цените на билетите за натпреварот број три почнуваат од 3.876 долари, а најскапиот билет чини 150.951 долари. Натпреварот четири е малку поевтин, со цени што почнуваат од 3.609 долари и достигнуваат 120.158 долари.
Најскап е евентуалниот натпревар број шест кој може да биде и решавачки, но може и да не се одигра ако некој победи со 4-1. Билетите за него чинат од 5.022 до 301.901 долар.
Навивачите споделија фотографии на социјалните мрежи кои покажуваат дека цените на секундарниот пазар за третиот натпревар веќе се искачиле на 595.000 долари. Некои дури ја споредија цената на билетите со недвижностите во Оклахома Сити.
„За цената на билет за финалето на Никс, можете да купите куќа со четири спални соби во Оклахома Сити“, напиша еден навивач, сугерирајќи дека навивачите би можеле да потрошат до 1.000.000 долари за два билета за финалето.
Минатата сезона, Никс имаа најскапи билети во историјата на плејофот на НБА – две седишта чинеа 108.000 долари. Сега планираат да наплатат речиси десет пати повеќе за нивниот прв настап во финалето по речиси три децении. Противникот на Никс во финалето ќе биде познат рано наутро, по „мајсторката“ меѓу Оклахома и Сан Антонио.


