Со поразот од Грција во финалето од олимписките квалификации, не завршил престојот во Атина за репрезентативците на Хрватска кои, сепак, не успеаја, да обезбедат виза за Париз.
По мечот против домаќинот, дел од кошаркарите излегле во ноќен клуб, а таму влегле во физичка пресметка со Грци кои, наводно, ги провоцирале поради поразот. Во главна улога биле Дарио Шариќ и Ивица Зубац од кои на социјалните мрежи се објавени фотографии со нивни крвави колена и раце. Има и видеа од инцидентите и тепачката, но тие привремено се отстранети од социјалните мрежи.
Инцидентот се случил околу 5:30 часот наутро, Зубац имал жестока расправија со непознато лице, а Шариќ се вмешал во обид да му помогне и притоа добил жесток удар по што паднал на подот. На дел од фотографиите може да се забележи новиот кошаркар на Денвер Нагетс како го изнесуваат на носилки со имобизилиран врат.
Хрватската кошаркарска федерација нема сознанија како дошло дп инцидентот бидејќи играчите не се враќале организирано за Загреб, туку секој индивидуално.


