Екипата на Панатинаикос го победи Реал со 82-81 во еден од најлудите натпревари во Евролигата, не само оваа сезона, туку во историјата.
Мадридскиот тим фантастично го отвори мечот, водеше со 14 разлика во првото полувреме, но ПАО се врати во игра во второто полувреме и дојде до предност. Драмата се случи во последната минута во која екипите дури четири пати се сменија во водство.
HE WINS IT!!! @JerianGrant #MotorolaMagicMoment | @Moto pic.twitter.com/RuiGDL9x01
— EuroLeague (@EuroLeague) February 3, 2026
Реал водеше со 78-75 на 30 секунди пред крајот, Слукас во следниот напад намали на -1, а откако Абалде ја загуби топката, Ернангомес погоди тројка за 80-78 за Панатинаикос. Следуваше непромислен фаул на Џеријан Грент врз Хезоња за 2+1 по што Реал повторно поведе и тоа на осум секунди пред крајот. ПАО имаше доволно време да организира напад, одговорноста ја презеде Грент кој успеа да погоди и да се извади за претходниот фаул, а со тоа и да му донесе победа на својот тим. Дури и последниот удар, со звукот на сирената, заврши во обрачот и предизвика стресе кај домашните навивачи.
Оваа победа ја врати самодовербата во Панатинаикос и најверојатно го спаси од отказ тренерот Ергин Атаман.


