Лука Дончиќ игра кошарка на највисоко ниво и уште на почетокот од сезоната испраќа сериозна порака до конкуренцијата во НБА-лигата.
Словенечкиот ас имаше уште една блескава вечер, овојпат против Мајами, на кој му постигна 42 поени во победата на Лос Анџелес Лејкерс од 138-117.
Овој настап дојде само еден ден по неговите 45 поени против Торонто, па Дончиќ во период од само 24 часа собра неверојатни 87 поени.
Против Мајами покрај 42. поени запиша и 13 асистенции и седум скока, погодувајќи 14 од 24 шута од поле. Неговата игра беше вистинска загатка за одбраната на гостите, кои со неколку различни решенија се обидоа да го запрат, но без успех.
Лејкерс ја презедоа контролата во третата четвртина, кога ја зголемија предноста и практично го решија прашањето околу победникот. Одлична поддршка за Дончиќ беше Остин Ривс со 27 поени.
На спротивната страна, Јанис Адетокунбо беше најефикасен со 30 поени, 12 скока и седум асистенции, но тоа не беше доволно за Мајами да избегне убедлив пораз.
Дончиќ на последните пет натпревари постигна 52, 41, 37, 45 и 42 поени. Со ваква статистика, словенечкиот кошаркар сериозно се наметнува како еден од главните кандидати за МВП-признанието, додека Лејкерс ја продолжуваат сезоната со амбиции за највисок пласман.
РЕЗУЛТАТИ
Оклахома Сити – Кливленд 117-112
Детроит – Шарлот 124-91
Атланта – Индијана 108104
Бруклин – Њујорк 90-103
Вашингтон – Орландо 103-94
Чикаго – Филаделфија 107-126
Сакраменто – Далас 115-100
Њу Орлеанс – Мемфис 135-134
Милвоки – Минесота 100-112
Бостон – Хјустон 93-109
Јута – Сан Антонио 97-119
Портланд – Денвер 118-110
Феникс – Голден Стејт 113-116
Торонто – ЛА Клиперс 125-118
Мајами – ЛА Лејкерс 117-138


