По две сезони поминати во МКК Куманово, српскиот центар Урош Луковиќ си заминува од клубот со кој последната кампања стигна до финалето на Купот на Македонија.
Искусниот кошаркар беше можеби најдобар играч на МКК Куманово во двете сезони, први за овој клуб во елитната конкуренција. Преку социјалните мрежи тој објави дека Куманово секогаш ќе остане во неговото срце и емотивно се збогува од клубот и градот.
„Овој клуб за мене никогаш не беше само место каде што се игра кошарка. Беше втор дом, семејство, дел од мојот живот кој ме обликуваше и како играч и како човек. Благодарност до соиграчите на борбата, смеата и се што поминавме заедно. Благодарност до тренерите на поддршката, а особено на навивачите – вашата енергија, љубов и верност се нешто што не се заборава. Куманово заскогаш останува во моето срце“, напиша, меѓу другото, Луковиќ.
Србинот помина две сезони и во поранешниот клуб од истиот град – КК Куманово, а во Македонија играше и за Кожув и МЗТ Скопје.


