Австрија и Кипар ѝ стојат на патот на македонската репрезентација кон главните квалификации за Европското првенство во 2029 година.
Такво сценарио посакуваа најголемиот дел од кошаркарите и стручниот штаб и сега останува да се искористи шансата и да се направи еден голем чекор кон настапот на Еуробаскетот. Задоволство од ждрепката изрази и плејмејкерот Андреј Магдевски кој не играше против Ирска и Луксембург поради повреда, но се очекува да се врати на терените и да помогне во борбата за пласман во следната фаза.
„Можам да кажам дека сме задоволни од ждрепката, но не смееме да ги потцениме Австрија и Кипар. Најважно е да ги санираме сите повреди и циклусот да го почнеме со најдобриот можен состав со победа“, изјави Магдевски откако стана јасно со кого ќе игра Македонија.
Вториот сегмент од претквалификациите, нашата репрезентација го почнува на 30 август против Австрија на гости, а пласман во следната фаза обезбедуват само првопласираната селекција во групата.


