По пауза од 43 дена, ЦСКА на Емил Рајковиќ се израдува на победа во ВТБ лигата откако денеска славеше на гостувањето кај Локомотив Кубан со 96-82 по продолжение.
Во меѓувреме нареди четири порази и го загуби првото место на табелата, но со денешниот триумф најави подобри денови во финишот од сезоната. Интересен е начинот на кој ЦСКА дојде до победата во Краснодар бидејќи на нешто повеќе од три минути пред крајот на основниот дел од мечот имаше десет поени негатива (66-76).
Курбанов потоа погоди две тројки за -4, а во неизвесниот финиш, Тримбл постигна кош на две секунди пред крајот за израмнување на 78-78 и продолжение. Она што се случуваше во финишот од регуларниот дел, очигледно остави трага врз играта на Локомотив кој во дополнителните пет минути постигна само 4, а прими 18 поени, па ЦСКА оствари и убедлив триумф, во однос на она што се случуваше на теренот.
До неа дојде без еден од своите најдобри играчи Каспер Вер кој не настапи на овој натпревар од засега непознати причини. Тримбл постигна 26 поени, Мбаје 21, а Ливио 21. Сега ЦСКА повторно е израмнета со Уникс на првото место на шест натпревари пред крајот на основниот дел од сезоната.


