Екипата на Тофаш, чиј тренер е македонскиот стручњак Емил Рајковиќ вчера изведе епски пресврт откако од загубена ситуација дојде до продолжение и потоа до победа во дуелот со Трапани.
На 90 секунди пред крајот, италијанскиот тим имаше десет поени предност (84-74), но Тофаш успеа да ја анулира и во дополнителните пет минути да дојде до триумф со кој ја освои втората позиција во групата.
Во плејинот Тофаш ќе игра со Шоле од Франција или Хапоел Холон од Израел, во зависност од резултатите на нивните натпревари што се на програмата утре. Се игра до две победи, а натпреварите се на програмата на 6, 8 и 13/14 јануари.


