Рускиот Зенит денеска го одигра првиот пријателски натпревар за време на подготовките, а со тоа, првпат на теренот во дресот на клубот од Сант Петерсбург се појави и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.
Зенит се наоѓа на подготовки во Анталија и својот прв натпревар го одигра против турскиот прволигаш Мерсин. Русите славеа со 84-82, а Димитријевиќ беше трет стрелец во својот тим со 13 поени, зад Алекс Појтрес кој постигна 16 и Владислав Емченко со 14.
Сепак, нашиот кошаркар воодушеви со неколку потези, пред се асистенцијата кон Појтрес која наиде на воодушевување и кај неговите соиграчи и стручниот штаб.д


