Ненад Димитријевиќ повторно покажа зошто во Арис има една од главните улоги, а неговата најатрактивна акција против Бургос веднаш го привлече вниманието.
Во второто коло од Еврокупот, македонскиот репрезентативец со фантастична асистенција го пронајде Адам Мокока, кој ја заврши акцијата со ефектен цепелин и забивање за голема радост на преполните трибини во арената „Никос Галис“. Акцијата беше една од најубавите на натпреварот, а грчките медиуми ја издвојуваат како еден од хитовите на вечерта.
Димитријевиќ, сепак, не блескаше само со атрактивните потези. Македонецот одигра одличен натпревар и го предводеше Арис до убедлива победа од 93-80 над Бургос, со која грчкиот тим стигна до втор триумф во Еврокупот.
Adam Mokoka is UP THERE 🚀 @ARISBCgr | #RoadToGreatness https://t.co/En6SGAa9f5
— BKT EuroCup (@EuroCup) October 7, 2026
Нено мечот го заврши со 21 поен, шест асистенции и два скока, за само 21 минута и 58 секунди на паркетот. Шутот му беше 3/8 за два, 2/3 за три и 9/11 од линијата за слободни фрлања, а изнуди и осум лични грешки.


