Три дена откако Никола Василев со Арка му го нанесе првиот пораз на лидерот на табелата во полското првенство Анвил, триумф против истиот ривал оствари и Александар Јончевски со Шлонск.
Тимот од Вроцлав вечерва славеше на домашен терен со 89-86, а овие два пораза, претрпени од селекторот на македонската репрезентација и од неговиот помошник, се единствени за Анвил оваа сезона. Шлонск заслужува честитки затоа што успеа да направи голем пресврт откако во втората четвртина имаше огромни 13 поени негатива (31-44), а во последниот период губеше и со пет разлика. Во драматичниот финиш направи серија од 5-0 за водство од 86-82 која потоа ја сочува и во пенал завршницата дојде до голем триумф.
Со него Шлонск дојде до биланс 6/6 и привремено се искачи на шестата позиција на табелата. Од доаѓањето на Јончевски, поранешниот шампион и евролигаш има биланс од три победи и еден пораз.


