Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ деновиве е во посета на својот поранешен тим Атланта Хоукс за кој играше во НБА лигата, а при престојот во Џорџија, имаше можност да се сретне со уште еден Македонец.
Станува збор за Ефтим Богоев, поранешен кошаркар и репрезентативец на Македонија кој долги години работи во САД како личен тренер на голем број играчи меѓу кои и ѕвезди од НБА. Заедно со нив се уште двајца некогашни кошаркари на Атланта, Пол Милсап и Џош Пауел.
Антиќ ќе ја искористи посетата на Атланта да го проследи во живо вечерашниот меч на Хоукс со Мајами кој почнува во 1:30 часот по полноќ.


