По три години во Г-лигата, Алекс Адетокунбо ги напушти САД и кариерата ќе ја продолжи во литванското првенство.
До крајот на сезоната, тој ќе биде играч на Мажеикиаи чиј тренер е македонскиот стручњак Никола Василев кој со ова добива големо засилување пред завршницата од првенството. Според планот, најмладиот од браќата Адетокунбо треба утре да пристигне во Литванија, а в петок да се приклучи на тренинзите на Мажеикиаи. Со оглед на тоа што во литванското првенство е пауза, а тимот на Василев испадна од Купот, 22-годишниот кошаркар ќе дебитира на почетокот на март.
Досега, Алекс настапуваше во филијалата на Милвоки Бакс, Висконсин Херд каде сезонава просечно постигнуваше по 5,7 поени и 2,9 скока за 21 минута во игра. Официјално, оттаму си замина на 8 февруари.


