Младиот македонски стручњак Методија Бешлиоски од денеска официјално е член на стручниот штаб на АБА-лигашот ФМП од Белград.
Поранешниот освојувач на титулата во регионалното натпреварување последните две недели доживеа големи промени. Досегашниот тренер Саша Никитовиќ доби отказ пред репрезентативната пауза и на негово место е назначен Петар Алексиќ кој со себе носи и нов стручен штаб.
Прво беше договорен легендарниот српски кошаркар Бранко Јоровиќ, а од денеска нему му се придружува Бешлиоски. За нашиот стручњак, ова ќе биде второ интернационално искуство сезонава бидејќи почна во Ираклис, но брзо си замина оттаму и ќе продолжи во клуб со голема традиција и реноме во српската кошарка. Претходно работеше и во Унгарија, како и во школата на Вардар.
Бешлиоски има 28 години, а до минатата сезона беше дел од стручниот штаб на ТФТ, а зад себе има и тренерска кариера, во екипите на Вардар, Фени Индустри, Карпош Соколи, Куманово, Академија ФМП и Кожув, како и младинските репрезентации на Македонија.


