Унгарија ја прегази Романија со 86-66 и со тоа дефинитивно ја отпиша македонската репрезентација од игра за квалификациите за Светското првенство.
Со денешниот триумф, Унгарците имаат биланс 2-1 и подобар однос во меѓусебните дуели со Романија, па мечот од последното коло в среда во Скопје ќе одлучува за тоа кој ќе го освои првото место во групата. Одлучувачка беше третата четвртина која Унгарија ја доби со 26-5 и со тоа го скрши отпорот на гостинскиот тим.
Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија в среда ќе биде од ревијален карактер за нашата репрезентација бидејќи таа повеќе нема шанси за пласман во квалификациите за Светското првенство. Македонските кошаркари ќе играат за својот чест и за тоа да не го завршат циклусот без ниедна победа.
Ваквиот развој на настаните значи дека Македонија ќе почне од првата фаза претквалификации за Европското првенство во 2029 година, заедно со селекции како Албанија, Ирска, Азербејџан, Ерменија итн.


