До крајот на првата претквалификациска фаза за Европското првенство во 2029 година има да се доигра уште петтото и цело шесто коло.
И покрај тоа што групата на Македонија беше единствена со четири члена, македонската репрезентација е прва што обезбеди пласман во следниот сегмент. Многу блиску до такво нешто е Словачка, додека Бугарија и Норвешка во директен дуел в недела ќе одлучат кој ќе оди понатаму. Четвртиот патник ќе биде најдобрата второпласирана репрезентација од трите групи.
Во втората претквалификациска фаза за Европското првенство се вклучуваат осумте репрезентации кои ќе испаднат од квалификациите за Мундијалот, а дел од нив ќе бидат познати уште вечерва. Ќе учествуваат вкупно 12 селекции, поделени во четири групи и пласман во главните квалификации за Европското првенство ќе обезбедат само првопласираните.
Втората фаза од претквалификациите почнува во август, а ќе се игра и во ноември и февруари 2027 година.


