Кадетската репрезентација на Македонија победнички го почна Б-Европското првенство откако попладнево го совлада Кипар со 82-63.
Целиот тим заслужува честитки за својот настап, но најмногу се истакна Дион Шабани кој ги потврди најавите од ФИБА дека треба да се обрне внимание на него, не само на денешниот меч, туку на целото првенство. Шабани е рекордер на денот и тоа во две статистички категории – поени и индекс.
Тој го заврши натпреварот со 37 постигнати поени и индекс 41, а зад него во двете категории остана бугарскиот репрезентативец Борис Цоков.

Денеска се истакна уште еден македонски репрезентативец – Александар Зунзуровски кој со 23 постигнати поени се најде на делба на третото место на листата на стрелци.


