Кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа пад од две места на најновата ФИБА листа, објавена денеска.
Нашата репрезентација од денеска е на 62. место во светот, а назадувањето доаѓа и покрај победите против Луксембург и Азербејџан, остварени последната недела. Ист број бодови колку нас (220) има и Романија, а пред Македонија е селекцијата на Чиле која има 223 бода.
Следните натпревари на македонската репрезентација се на почетокот на јули кога играме против Ирска во Скопје и Луксембург на гостински терен.


