Сензацијата што синоќа ја направи Финска, совладувајќи ја Србија го надмина дури и успехот на македонската репрезентација од Европското првенство во 2011 година.
Сега Финците се најголемо изненадување во историјата на континенталните натпреварувања затоа што го елиминираа најголемиот фаворит на шампионатот што се одржува во моментов. Иако победата на скандинавската селекција е апсолутно заслужена, факт е дека пред натпреварот никој не ѝ даваше шанса за триумф против екипата која во своите редови го има можеби најдобриот светски кошаркар.

Македонија во 2011 година направи сензација во четвртфиналето, совладувајќи го тогашниот домаќин Литванија кој, сепак, не беше прв фаворит за титулата затоа што тука беа уште Шпанија и Франција кои подоцна се сретнаа во финалето.


