Домаќинот на Европското младинско првенство Полска направи мало изненадување и ја совлада Италија со 74-63 во осминафиналниот меч, одигран попладнево.
Тоа значи дека следен ривал на македонската репрезентација на континенталниот шампионат ќе биде Италија. Тоа е најзначаен меч за нас на целото првенство бидејќи победникот обезбедува опстанок во елитната конкуренција, а поразениот ќе мора да триумфира на (по)следните два натпревара за да се спаси од испаѓање. Дуелот меѓу Македонија и Италија се игра утре од 18 часот.
Во групната фаза, Италија настапуваше во групата Б, заедно со Израел, Германија и Чешка и го освои второто место со биланс 2/1.


