На 17 дена пред првиот од двата меча во јулскиот „прозорец“ на ФИБА, сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија ги почна своите подготовки.
Селекторот Жосеп Марија Берокал претходно објави список ос 25 кошаркари, денешниот тренинг го предводеа најискусните Војдан Стојановски и Стојан Ѓуроски, а Јакимовски и Мекиќ ќе се приклучат нешто подоцна. Истото важи и за натурализираниот играч за кој дополнително ќе се одлучува кој ќе биде.
Како ретко кога, македонската репрезентација во рамките на подготовките ќе одигра и пријателски натпревар и тоа против Бугарија на 21 јуни на гостински терен.
Последните натпревари од првата претквалификациска фаза Македонија ги игра на 2 и 5 јули, прво против Ирска на домашен терен, а потоа на гости во Луксембург. Досега има максимален ефект на четири натпревари и можно е тоа да биде доволно за пласман во следниот сегмент од претквалификациите.


