Репрезентативците на Македонија нема да можат ни да преспијат по денешниот натпревар против Литванија бидејќи само 6-7 часа по завршувањето на тој меч треба да одат на пат за Клаипеда.
Собирот е закажан во 2 часот по полноќ кога експедицијата тргнува кон скопскиот аеродром, а оттаму во 4:30 часот е првиот лет за Виена. Пристигнувањето во австриската престолнина е планирано за околу 6 часот, во 10 тргнува авионот за Вилнус каде треба да стигне околу 13 часот (14 по локално време). Од главниот град на Литванија има уште околу 300 километри кои кошаркарите ќе ги поминат со автобус и најверојатно утре доцна попладне ќе стигнат на конечната дестинација.
За утре вечер е планиран еден полесен тренинг, в сабота ќе се тренира од 13 часот, а в недела, на денот на натпреварот од 10:30 претпладне по локално време. Натпреварот е в недела од 18:30 часот по средноевропско време, а репрезентацијата се враќа во Скопје в понеделник во 15 часот, преку Вилнус и Франкфурт.


