Сениорската репрезентација на Македонија денеска го одржа тренингот во Арцелор Митал Парк арената во Сосновиец каде утре од 18 часот ќе игра против Полска во второто коло од квалификациите за Европското првенство.
Нашите кошаркари се во овој град од вчера, а во дуелот со домаќинот ќе се обидат да дојдат до првата победа во овој циклус.

Во воведниот натпревар, во петокот на домашен терен, Македонија загуби од Естонија со 69-74 со што си ги искомплицира шансите за пласман на континенталниот шампионат во 2025 година.


