Македонската кошаркарска репрезентација денеска околу 15 часот тргнува на пат за Полска каде в понеделник ќе го игра вториот квалификациски дуел за Европското првенство во 2025 година.
На пат ќе тргнат 12 кошаркари, со тоа што ќе има една промена во однос на дуелот со Естонија. Нема да патува Лејсон Зеќири кој по синоќешниот меч се пожалил на тегоби, со симптоми на труење и ќе остане во Скопје.
На негово место, во репрезентацијата е повикан кошаркарот на МЗТ Скопје, Марин Петков кој вчера отпадна од комбинација заедно со Амар Хот. Петков ќе има можност да дебитира за националниот тим бидејќи првпат ќе биде меѓу 12. на еден официјален меч.


